чита
Значење на чита:
1. Препознава букви во пишан текст, со или без изговор, осознавајќи ја содржината. Знае да чита и да пишува. Првачето чита на глас збор по збор. Чита книга. Чита писмо.
2. Распознава знаци: а) напишани или нацртани. Извидниците читаа топографски карти и одлично се снаоѓаа на теренот. б) ноти. Таа од рана возраст читаше ноти и свиреше на виолина.
3. (прен.) Погодува нечие расположение според надворешни манифестации. На неговото лице читав бес и лутина. Во нејзините очи тој читаше радост.
Коњугација: читаат.
Изведени зборови:
- се ~ чита, Е во состојба во која може да се прочита, е читлив. Натписите на плочите се читаа многу тешко. Писмото беше пожолтено и избледено, не се читаше веќе.
- читање, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Чита како вода ‒ чита многу лесно. Се чита меѓу редови ‒ в. ред. Чита некого како буквар ‒ го познава добро, му ги знае намерите и постапките. Чита некому лекција ‒ укорува некого.
Оригинални податоци:
чита, читаат несв. 1. Препознава букви во пишан текст, со или без изговор, осознавајќи ја содржината. Знае да чита и да пишува. Првачето чита на глас збор по збор. Чита книга. Чита писмо. 2. Распознава знаци: а) напишани или нацртани. Извидниците читаа топографски карти и одлично се снаоѓаа на теренот. б) ноти. Таа од рана возраст читаше ноти и свиреше на виолина. 3. (прен.) Погодува нечие расположение според надворешни манифестации. На неговото лице читав бес и лутина. Во нејзините очи тој читаше радост. ● се ~ Е во состојба во која може да се прочита, е читлив. Натписите на плочите се читаа многу тешко. Писмото беше пожолтено и избледено, не се читаше веќе. ◊ Чита како вода ‒ чита многу лесно. Се чита меѓу редови ‒ в. ред. Чита некого како буквар ‒ го познава добро, му ги знае намерите и постапките. Чита некому лекција ‒ укорува некого. ‖ глаг. им. читање ср.