читател

Именка, машки род

Значење на читател:

Тој што чита определена литература, книги, весници, списанија, автори; тој што чита во читална, во библиотека и сл. за свои потреби и задоволство. Новиот роман предизвика интерес кај читателите. Читателите на весникот ги следеа неговите прилози со големо интересирање.

Множина: читатели.

Изведени зборови:

  • читателка, и. ж.
  • читателски, прид. читателскиот Читателска публика. Читателско искуство.

Оригинални податоци:

читател, мн. читатели м. Тој што чита определена литература, книги, весници, списанија, автори; тој што чита во читална, во библиотека и сл. за свои потреби и задоволство. Новиот роман предизвика интерес кај читателите. Читателите на весникот ги следеа неговите прилози со големо интересирање. ‖ читателка, мн. читателки ж. ‖ читателски, читателскиот прид. Читателска публика. Читателско искуство.