чивија

Именка, женски род

Значење на чивија:

1. Плоскато, кон едната страна заострено парче дрво или железо што служи за расцепување по должина; клин. Ги остави настрана и чеканот и чивијата.

2. Заоблено долгнавесто парче дрво или железо за спојување, зацврстување делови.

Множина: чивии.

Фразеолошки израз / поговорка:

Чивија со чивија се вади ‒ враќа со иста мера. Му влезе чивијата ‒ се навлече на нешто.

Оригинални податоци:

чивија, мн. чивии ж. 1. Плоскато, кон едната страна заострено парче дрво или железо што служи за расцепување по должина; в. клин. Ги остави настрана и чеканот и чивијата. 2. Заоблено долгнавесто парче дрво или железо за спојување, зацврстување делови. ◊ Чивија со чивија се вади ‒ враќа со иста мера. Му влезе чивијата ‒ се навлече на нешто.