чкембар

Именка, машки род

Разговорен збор, израз.

Значење на чкембар:

1. Тој што продава или што приготвува чкембиња.

2. Тој што сака да јаде чкембиња.

3. (прен.) Човек со голем стомак, мев, неуреден, расторбешен човек. Чкембару никаков!

Множина: чкембари.

Изведени зборови:

  • чкембарка, и. ж.
  • чкембарски, прид. чкембарскиот

Оригинални податоци:

чкембар, мн. чкембари м. (разг.) 1. Тој што продава или што приготвува чкембиња. 2. Тој што сака да јаде чкембиња. 3. (прен.) Човек со голем стомак, мев, неуреден, расторбешен човек. Чкембару никаков! ‖ чкембарка, мн. чкембарки ж. ‖ чкембарски, чкембарскиот прид.