чкембе

Именка, среден род

Анатомија.

Значење на чкембе:

1. Првиот, поголемиот дел од системот за варење на храната кај преживарите. Купи чкембе за чорба.

2. (дијал.) Внатрешен дел од мевот каде што стои храната, трбушка.

3. (прен.) За човек ‒ со голем и лабав мев, стомак. Од леблебиите чкембето може да ти пукне. Пуштил чкембе како некој тапан.

Множина: чкембиња.

Оригинални податоци:

чкембе, мн. чкембиња ср. (анат.) 1. Првиот, поголемиот дел од системот за варење на храната кај преживарите. Купи чкембе за чорба. 2. (дијал.) Внатрешен дел од мевот каде што стои храната, трбушка. 3. (прен.) За човек ‒ со голем и лабав мев, стомак. Од леблебиите чкембето може да ти пукне. Пуштил чкембе како некој тапан.