чкрта

Глагол, несвршен

Значење на чкрта:

1. Чкрипи, испушта специфичен звук. Над секој поток неуморно чкртаа воденици.

2. Произведува остар, специфичен звук при притисок и триење на горните со долните заби. Тој бесно чкрташе со забите.

3. а) Прави, повлекува линии по некаква површина без некој ред. Децата чкртаа по ѕидовите на старата куќа. Чкрташе со креда по таблата. б) Пишува нешто набрзина (писмо, белешка и сл.) тешко читливо, нејасно, несредено, нечитливо. Тој чкрта некаква белешка и заминува набрзина.

Коњугација: чкртаат.

Изведени зборови:

  • чкртање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

чкрта, чкртаат несв. 1. Чкрипи, испушта специфичен звук. Над секој поток неуморно чкртаа воденици. 2. Произведува остар, специфичен звук при притисок и триење на горните со долните заби. Тој бесно чкрташе со забите. 3. а) Прави, повлекува линии по некаква површина без некој ред. Децата чкртаа по ѕидовите на старата куќа. Чкрташе со креда по таблата. б) Пишува нешто набрзина (писмо, белешка и сл.) тешко читливо, нејасно, несредено, нечитливо. Тој чкрта некаква белешка и заминува набрзина. ‖ глаг. им. чкртање ср.