членува

Глагол, несвршен

Значење на членува:

1. Е член на некаква организација, припаѓа некаде. Таа активно спортува и членува во добротворни друштва. Тој членува во поетскиот клуб „Бели мугри“.

2. (грам.) Додава член кон именка или придавка. Членувај ја именката врата. Личните имиња обично не се членуваат.

Коњугација: членуваат.

Изведени зборови:

  • членување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

членува, членуваат несв. 1. Е член на некаква организација, припаѓа некаде. Таа активно спортува и членува во добротворни друштва. Тој членува во поетскиот клуб „Бели мугри“. 2. (грам.) Додава член кон именка или придавка. Членувај ја именката врата. Личните имиња обично не се членуваат. ‖ глаг. им. членување ср.