чмае

Глагол, несвршен

Значење на чмае:

Венее, тлее поради осаменост, напуштеност, болест и сл. Чмае во затвор. Му досадило да чмае затворен во четири ѕида. Жената чмаеше чекајќи го со години мажот печалбар. Градот чмаеше во штама.

Коњугација: чмааат , чмаев , чмаеја , чмаејќи , чмаел , чмаен , чмај , чмајаа , чмајав , чмајал , чмајан, чмајте .

Изведени зборови:

  • чмаење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

чмае, чмааат; чмај, чмајте; чмаев, чмаеја; чмаел; чмаен; чмаејќи; чмајав, чмајаа; чмајал; чмајан несв. Венее, тлее поради осаменост, напуштеност, болест и сл. Чмае во затвор. Му досадило да чмае затворен во четири ѕида. Жената чмаеше чекајќи го со години мажот печалбар. Градот чмаеше во штама. ‖ глаг. им. чмаење ср.