чорап

Именка, машки род

Значење на чорап:

Дел од облеката од плетена волна, памук или вештачки влакна што се навлекува на нозете. Везени чорапи. Плетени волнени чорапи. Најлон чорапи.

Множина: чорапи.

Изведени зборови:

  • чорапиште, и. ср. аугм. и пејор.
  • чорапче, и. ср. дем. и хип.

Фразеолошки израз / поговорка:

Удрен со мокар чорап ‒ што е по малку луд, што не се однесува природно, нормално, склон кон неодговорни постапки; мрднат. Уста ‒ чорап недоплетен ‒ човек што многу зборува.

Оригинални податоци:

чорап, обично во мн. чорапи м. Дел од облеката од плетена волна, памук или вештачки влакна што се навлекува на нозете. Везени чорапи. Плетени волнени чорапи. Најлон чорапи. ◊ Удрен со мокар чорап ‒ што е по малку луд, што не се однесува природно, нормално, склон кон неодговорни постапки; мрднат. Уста ‒ чорап недоплетен ‒ човек што многу зборува. ‖ чорапче, мн. чорапчиња ср. дем. и хип. ‖ чорапиште, мн. чорапишта ср. аугм. и пејор.