чорба
Значење на чорба:
Течно и густо готвено јадење со зеленчук и месо. Јагнешка чорба. Пилешка чорба. Рибина чорба.Множина: чорби.
Изведени зборови:
- чорбица, и. ж. мн. чорбици, чорбичка, мн. чорбички дем. и хип.
- чорбиште, и. ср. аугм. и пејор.
Фразеолошки израз / поговорка:
Запржи чорба некому ‒ приреди некому некаква непријатност. Клин чорба ‒ 1. чорба од зелени сливи џанки; 2. сиромашна чорба, без многу хранливи материи. Чорба чок месо јок ‒ сп. чок. Бордовска чорба ‒ чорба од модар камен, вар и вода за прскање на виновата лоза.
Оригинални податоци:
чорба, мн. чорби ж. Течно и густо готвено јадење со зеленчук и месо. Јагнешка чорба. Пилешка чорба. Рибина чорба. ◊ Запржи чорба некому ‒ приреди некому некаква непријатност. Клин чорба ‒ 1. чорба од зелени сливи џанки; 2. сиромашна чорба, без многу хранливи материи. Чорба чок месо јок ‒ сп. чок. Бордовска чорба ‒ чорба од модар камен, вар и вода за прскање на виновата лоза. ‖ чорбица, мн. чорбици, чорбичка, мн. чорбички ж. дем. и хип. ‖ чорбиште, мн. чорбишта ср. аугм. и пејор.