човечен
Значење на човечен:
Што е добросрдечен, човекољубив, што има благородни чувства кон луѓето; Во сè биди човечен. Почовечен живот. Лагата понекогаш е почовечна од вистината.Членувана форма: човечниот.
Изведени зборови:
- човечно, прил. Човечно му пријде на детето.
- човечност, и. ж.
Оригинални податоци:
човечен, човечниот прид. Што е добросрдечен, човекољубив, што има благородни чувства кон луѓето; спрот. нечовечен. Во сè биди човечен. Почовечен живот. Лагата понекогаш е почовечна од вистината. ‖ човечно прил. Човечно му пријде на детето. ‖ човечност ж.