човек
Значење на човек:
1. Суштество способно да мисли и да зборува, да создава и да користи орудија за работа и да води организиран општествен живот. Човекот е разумно суштество. Луѓе и волци.
2. Одделно, возрасно лице од која било раса или пол со своите особини, одлики. Колку луѓе ќе дојдат утре? Тој е паметен човек. Таа е прекрасен човек. Чесен човек. Богат човек. Мирни луѓе се тие. Храбар човек. Слаб човек.
3. Зрел, возрасен маж. Еден човек и една жена. Те бара еден човек.
4. Личност како носител на високи морални вредности. Тоа ти е прав човек. Кој те брои за човек? 5. Припадник на еден народ, на замја, на сталеж, партија. Македонскиот човек страдал низ вековите и се борел за национална слобода. Партиски човек. Луѓе од власта. Човек на директорот. 6. (разг.) Маж, сопруг. Мојот човек. Ми го нема човекот да се врати? 7. Само членувано ‒ за изразување на определен однос кон некое лице. Човекот си знае што му е работата. Човекот се истепа работејќи. 8. Неопределено, општо, безлично по смисла. Човек не може да не поверува на тие зборови. Не може човек да ви го фати крајот. Еден живот му е даден на човека.
Множина: луѓе.
Фразеолошки израз / поговорка:
Батак човек ‒ нечесен човек, лош човек. Бос човек ‒ недоволно образован, недоволно упатен во работата. Човек на (од) законот ‒ тој што го познава или што го применува законот; правник. Човек од перото ‒ човек што се занимава со пишување, писател. новинар и сл. Човек на своја глава ‒ в. глава. Жив човек од мајка роден ‒ в. роден. Жив човек ‒ се лаже ‒ додека е човек жив се може да му се случи, па и да се излаже. Човек од крв и од месо ‒ човекот има и доблести и слабости. Големите луѓе ‒ великани, луѓе со големи морални вредности. Малиот човек ‒ обичен човек што живее скромно од својата работа, без пошироко влијание. Душа човек ‒ многу добар човек. Човече (човеку) божји ‒ при обраќање, кога сакаме да го потсетиме дека сите сме чеда на еден бог. Стане човек ‒ 1. почне да води добар, чесен, уреден живот; 2. успее, се издигне во животот. Човек на место ‒ човек како што треба, прав човек. Направи човек од него ‒ добро одгледа, воспита некого. Педа човек ‒ в. педа. Планина со планина се ставува, камоли човек со човека! ‒ луѓето треба да се зближуваат меѓу себе. Човек без срце ‒ немилосрден човек. Човек со чисто срце ‒ в. срце. Човек со добро срце ‒ в. срце. Човек со ладно срце ‒ човек без емоции, нечувствителен. Човек со јуначко срце ‒ в. срце. Човек со меко срце ‒ добар, попустлив човек. Човек со широко срце ‒ галантен, дарежлив човек. Човек со тврдо срце ‒ издржлив човек. Човек со лошо срце ‒ лош човек. Широк човек ‒ широкоград, галантен човек. Човек од збор ‒ тоа што ќе го каже и го прави. Човек се учи додека е жив ‒ секогаш има нешто ново што може да се научи. Човек се надева додека е жив ‒ додека живее човекот се надева на подобро. Жив човек не дојде (нема) ‒ не дојде никој. Свој човек ‒ многу близок. Половина човек ‒ човек со слабо здравје, болешлив. Човек со зајачко срце (има зајачко срце) ‒ плашлив човек. Еве го човекот! ‒ се кажува за да се објави доаѓањето било свое или на некој друг.
Оригинални податоци:
човек, мн. луѓе м. 1. Суштество способно да мисли и да зборува, да создава и да користи орудија за работа и да води организиран општествен живот. Човекот е разумно суштество. Луѓе и волци. 2. Одделно, возрасно лице од која било раса или пол со своите особини, одлики. Колку луѓе ќе дојдат утре? Тој е паметен човек. Таа е прекрасен човек. Чесен човек. Богат човек. Мирни луѓе се тие. Храбар човек. Слаб човек. 3. Зрел, возрасен маж. Еден човек и една жена. Те бара еден човек. 4. Личност како носител на високи морални вредности. Тоа ти е прав човек. Кој те брои за човек? 5. Припадник на еден народ, на замја, на сталеж, партија. Македонскиот човек страдал низ вековите и се борел за национална слобода. Партиски човек. Луѓе од власта. Човек на директорот. 6. (разг.) Маж, сопруг. Мојот човек. Ми го нема човекот да се врати? 7. Само членувано ‒ за изразување на определен однос кон некое лице. Човекот си знае што му е работата. Човекот се истепа работејќи. 8. Неопределено, општо, безлично по смисла. Човек не може да не поверува на тие зборови. Не може човек да ви го фати крајот. Еден живот му е даден на човека. ◊ Батак човек ‒ нечесен човек, лош човек. Бос човек ‒ недоволно образован, недоволно упатен во работата. Човек на (од) законот ‒ тој што го познава или што го применува законот; правник. Човек од перото ‒ човек што се занимава со пишување, писател. новинар и сл. Човек на своја глава ‒ в. глава. Жив човек од мајка роден ‒ в. роден. Жив човек ‒ се лаже ‒ додека е човек жив се може да му се случи, па и да се излаже. Човек од крв и од месо ‒ човекот има и доблести и слабости. Големите луѓе ‒ великани, луѓе со големи морални вредности. Малиот човек ‒ обичен човек што живее скромно од својата работа, без пошироко влијание. Душа човек ‒ многу добар човек. Човече (човеку) божји ‒ при обраќање, кога сакаме да го потсетиме дека сите сме чеда на еден бог. Стане човек ‒ 1. почне да води добар, чесен, уреден живот; 2. успее, се издигне во животот. Човек на место ‒ човек како што треба, прав човек. Направи човек од него ‒ добро одгледа, воспита некого. Педа човек ‒ в. педа. Планина со планина се ставува, камоли човек со човека! ‒ луѓето треба да се зближуваат меѓу себе. Човек без срце ‒ немилосрден човек. Човек со чисто срце ‒ в. срце. Човек со добро срце ‒ в. срце. Човек со ладно срце ‒ човек без емоции, нечувствителен. Човек со јуначко срце ‒ в. срце. Човек со меко срце ‒ добар, попустлив човек. Човек со широко срце ‒ галантен, дарежлив човек. Човек со тврдо срце ‒ издржлив човек. Човек со лошо срце ‒ лош човек. Широк човек ‒ широкоград, галантен човек. Човек од збор ‒ тоа што ќе го каже и го прави. Човек се учи додека е жив ‒ секогаш има нешто ново што може да се научи. Човек се надева додека е жив ‒ додека живее човекот се надева на подобро. Жив човек не дојде (нема) ‒ не дојде никој. Свој човек ‒ многу близок. Половина човек ‒ човек со слабо здравје, болешлив. Човек со зајачко срце (има зајачко срце) ‒ плашлив човек. Еве го човекот! ‒ се кажува за да се објави доаѓањето било свое или на некој друг.