чуден

Придавка

Значење на чуден:

1. Што предизвикува чудење, што е необичен, што се разликува од другите, што предизвикува изненадување. Во тоа нема ништо чудно. Сонив чуден сон. Јадењево има чуден вкус. Писмото беше адресирано со чуден ракопис. Се појавило едно чудно суштество.

2. Прекрасен, што буди восхитување со својата особеност, со својата убавина или друго позитивно својство; чудесно. Пред нас се отвори една чудна глетка на двете езера. Тоа беше едно чудно доживување. Чудна ноќ.

3. За својство, способност ‒ што е особено нагласена, застапена во поголема, необична мера. Девојката блескаше со чудна убавина. Одеднаш доби една чудна сила.

Членувана форма: чудниот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Чудно ми чудо ‒ голема работа, не е тоа ништо. Чудно чудо ‒ големо чудо. Чудна чудесија! ‒ големо чудо.

Оригинални податоци:

чуден, чудниот прид. 1. Што предизвикува чудење, што е необичен, што се разликува од другите, што предизвикува изненадување. Во тоа нема ништо чудно. Сонив чуден сон. Јадењево има чуден вкус. Писмото беше адресирано со чуден ракопис. Се појавило едно чудно суштество. 2. Прекрасен, што буди восхитување со својата особеност, со својата убавина или друго позитивно својство; сп. чудесно. Пред нас се отвори една чудна глетка на двете езера. Тоа беше едно чудно доживување. Чудна ноќ. 3. За својство, способност ‒ што е особено нагласена, застапена во поголема, необична мера. Девојката блескаше со чудна убавина. Одеднаш доби една чудна сила. ◊ Чудно ми чудо ‒ голема работа, не е тоа ништо. Чудно чудо ‒ големо чудо. Чудна чудесија! ‒ големо чудо. ◊ чудно прил. 1. На чуден начин. Зборуваше чудно. Чудно ја гледаше девојката, како првпат да ја гледа. 2. Како мод. Чудно, не се сеќавам на тоа.