чуди
Значење на чуди:
Предизвика чудење кај некого. Мене ме чудеше животот на луѓето во планинските села.Коњугација: чудат.
Изведени зборови:
- се ~ чуди, 1. Е изненаден, покажува чудење. Тој го гледаше детето и се чудеше на неговата невоспитаност. Војниците се чудеа на отпорот на граѓаните. 2. Се восхитува. Публиката се чудеше на прекрасната игра на танчарките. Јавачот се чудеше на издржливоста на коњот. Сите се чудеа на неговата упорност. 3. Размислува околу нешто, како да направи нешто. Мајката се чудеше како да го скрои фустанот. Таа се чудеше како ќе излезе на крај со сиромаштијата.
- чудење, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Ти се чудам на паметот (умот) ‒ не одобрува нешто, негодува.
Оригинални податоци:
чуди, чудат несв. Предизвика чудење кај некого. Мене ме чудеше животот на луѓето во планинските села. ● се ~ 1. Е изненаден, покажува чудење. Тој го гледаше детето и се чудеше на неговата невоспитаност. Војниците се чудеа на отпорот на граѓаните. 2. Се восхитува. Публиката се чудеше на прекрасната игра на танчарките. Јавачот се чудеше на издржливоста на коњот. Сите се чудеа на неговата упорност. 3. Размислува околу нешто, како да направи нешто. Мајката се чудеше како да го скрои фустанот. Таа се чудеше како ќе излезе на крај со сиромаштијата. ◊ Ти се чудам на паметот (умот) ‒ не одобрува нешто, негодува. ‖ глаг. им. чудење ср.