чудо
Значење на чудо:
1. (мит.) Натприродна појава, настан, случка што е спротивна на природните законитости, што не може да се толкува со познатите природни закони. Чудата на пресвета Богородица. Божје чудо.
2. Тоа што предизвикува чудење или восхитување, што е необично, што е несекојдневно. По некое чудо, јаболкницата пак расцутила. Во големиот шатор се прикажуваше чудото.
3. Голем подвиг, дело што предизвикува чудење со својата грандиозност, необичност, несокојдневност. Дајте ми пари и чудо ќе сторам од куќава. Архитектонско чудо.
4. Мноштво разновидни, необични предмети. Таму имаше секакви чуда. Тој донел од туѓина невидени и нечуени чуда.
5. Како прид. Многу убав, прекрасен. Чудо дете. Чудо време се врткаше околу куќата. Чудо пари фрли на коцка.
6. Како прил. Многу, премногу. Имаше чудо народ. Виде едно чудо народ собрани во црквата. Изнароди едно чудо деца.
7. Како модален. Необично, чудно. Чудо, уште не се појавил!? Чудо, уште умот не ми е земен?
Множина: чуда.
Фразеолошки израз / поговорка:
Секое чудо за три дена ‒ секоја, па и најчудна работа кратко трае. Чудо невидено и нечуено ‒ за нешто обично, познато, а што се сака да се покаже како многу важно. Чудо големо! (ирон.) ‒ голема работа. За чудо големо! Се најде во чудо ‒ многу се зачуди. Стане за чудо големо ‒ ќе стане сите да се чудат. За (чудно) чудо ‒ навистина е чудно. Зине од чудо ‒ многу се зачуди. Чудно ми чудо ‒ ништо важно. Направи триста чуда ‒ направи голем неред. Чудо над чудата ‒ многу големо чудо. Се крсти од чудо ‒ многу се чуди. Се најде во чудо ‒ се најде, дојде во незгода, многу се зачуди, се изненади.
Оригинални податоци:
чудо, мн. чуда ср. 1. (мит.) Натприродна појава, настан, случка што е спротивна на природните законитости, што не може да се толкува со познатите природни закони. Чудата на пресвета Богородица. Божје чудо. 2. Тоа што предизвикува чудење или восхитување, што е необично, што е несекојдневно. По некое чудо, јаболкницата пак расцутила. Во големиот шатор се прикажуваше чудото. 3. Голем подвиг, дело што предизвикува чудење со својата грандиозност, необичност, несокојдневност. Дајте ми пари и чудо ќе сторам од куќава. Архитектонско чудо. 4. Мноштво разновидни, необични предмети. Таму имаше секакви чуда. Тој донел од туѓина невидени и нечуени чуда. 5. Како прид. Многу убав, прекрасен. Чудо дете. Чудо време се врткаше околу куќата. Чудо пари фрли на коцка. 6. Како прил. Многу, премногу. Имаше чудо народ. Виде едно чудо народ собрани во црквата. Изнароди едно чудо деца. 6. Како мод. Необично, чудно. Чудо, уште не се појавил!? Чудо, уште умот не ми е земен? ◊ Секое чудо за три дена ‒ секоја, па и најчудна работа кратко трае. Чудо невидено и нечуено ‒ за нешто обично, познато, а што се сака да се покаже како многу важно. Чудо големо! (ирон.) ‒ голема работа. За чудо големо! Се најде во чудо ‒ многу се зачуди. Стане за чудо големо ‒ ќе стане сите да се чудат. За (чудно) чудо ‒ навистина е чудно. Зине од чудо ‒ многу се зачуди. Чудно ми чудо ‒ ништо важно. Направи триста чуда ‒ направи голем неред. Чудо над чудата ‒ многу големо чудо. Се крсти од чудо ‒ многу се чуди. Се најде во чудо ‒ се најде, дојде во незгода, многу се зачуди, се изненади.