чудовиште
Значење на чудовиште:
1. (мит.) Фантастично митско суштество со големи димензии, необично, грозно што предизвикува страв, ужас. Морско чудовиште. Железно чудовиште. Од мочуриштето излегло едно чудовиште со две глави.
2. Кое било живо суштество што предизвикува страв со својот изглед и лоши, сурови постапки.
3. (прен.) Суров, жесток човек со застрашувачко, неморално однесување. Сестра ѝ беше едно себично чудовиште. Стражарите беа вистински чудовишта. На вратата се појави брадосано чудовиште.
Множина: чудовишта.
Оригинални податоци:
чудовиште, мн. чудовишта ср. 1. (мит.) Фантастично митско суштество со големи димензии, необично, грозно што предизвикува страв, ужас. Морско чудовиште. Железно чудовиште. Од мочуриштето излегло едно чудовиште со две глави. 2. Кое било живо суштество што предизвикува страв со својот изглед и лоши, сурови постапки. 3. (прен.) Суров, жесток човек со застрашувачко, неморално однесување. Сестра ѝ беше едно себично чудовиште. Стражарите беа вистински чудовишта. На вратата се појави брадосано чудовиште.