чуе

Глагол, свршен

Значење на чуе:

1. Прими нешто со сетилото за слух (звук, глас и сл.). Тој чу лаеж на кучиња. Соседите чуле силен женски писок. Го чу телефонот и се јави.

2. Дознае, разбере нешто со слушање. Чекај, не биди нестрплив, сè ќе чуеш. Две години ништо не чувме за него. Чув дека ќе се гради фабрика.

Коњугација: (ќе) чуев , (ќе) чуеја , (ќе) чуел , чу , чув , чуен, чуј , чуја , чујат , чујте , чул .

Изведени зборови:

  • се ~ чуе, 1. безл. Се долови со слухот. Од манастирот се чуја три удари на камбаната. Во далечината се чу коњски топот. Надвор се чу само тресок. 2. безл. Се рашири вест. Се чу дека сите се вратиле. Се чу дека се омажила нивната ќерка. 3. Еден со друг. Марика се чу со Иле по телефон. Ајде, здраво, па ќе се чуеме.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ни се чуло, ни се видело ‒ в. види. Видов ‒ не видов, чув ‒ не чув - кога некој се прави дека не знае што се случува. Чул те Господ ‒ в. Господ. Да не чуе ѓаволот ‒ желба да не се случи зло, несреќа. Мува да прелета ќе се чуе ‒ в. мува.

Оригинални податоци:

чуе, чујат; чуј, чујте; чув, чу, чуја; чул; (ќе) чуев, (ќе) чуеја; (ќе) чуел; чуен св. 1. Прими нешто со сетилото за слух (звук, глас и сл.). Тој чу лаеж на кучиња. Соседите чуле силен женски писок. Го чу телефонот и се јави. 2. Дознае, разбере нешто со слушање. Чекај, не биди нестрплив, сè ќе чуеш. Две години ништо не чувме за него. Чув дека ќе се гради фабрика. ● се ~ 1. безл. Се долови со слухот. Од манастирот се чуја три удари на камбаната. Во далечината се чу коњски топот. Надвор се чу само тресок. 2. безл. Се рашири вест. Се чу дека сите се вратиле. Се чу дека се омажила нивната ќерка. 3. Еден со друг. Марика се чу со Иле по телефон. Ајде, здраво, па ќе се чуеме. ◊ Ни се чуло, ни се видело ‒ в. види. Видов ‒ не видов, чув ‒ не чув - кога некој се прави дека не знае што се случува. Чул те Господ ‒ в. Господ. Да не чуе ѓаволот ‒ желба да не се случи зло, несреќа. Мува да прелета ќе се чуе ‒ в. мува.