чука

Глагол, несвршен

Значење на чука:

1. Удира со нешто. Ковачот чукаше со чеканот. Наставникот повремно чукаше со пенкалото по катедрата. Птицата чукаше со клунот по стаклото од прозорецот. Молчи, некој чука на врата.

2. Удира за да добие звук, бие. Питропот ја чукаше камбаната. Тапанџијата чукаше на тапан.

3. Удира по нешто за да собере плод, семе од растение. Селаните чукаа 'рж. Тој ги чукаше мешунките грав. Чука ореви.

4. Удира, отчукува. а) за часовник. На полицата чукаше часовник. б) безл. Чука дванаесет (часот).

5. За срце, крвни садови и сл. ‒ пулсира. Срцето силно му чукаше. Дамарите силно му чукаа.

6. Скопува животно. Денес ги чукаа овните.

7. (разг.) Пишува на машина за пишување. Тој брзо чука на машина за пишување.

Коњугација: чукаат.

Изведени зборови:

  • се ~ чука, 1. Се удира во нешто или со нешто. Секогаш се чукам на вратава. 2. Еден со друг. а) При наздравување ‒ удира чаша со чаша. Гостите се чукаа со чашите и им наздравуваа на младенците. б) Со црвени јајца на Велигден. Децата се чукаа со вапцани јајца.
  • чукање, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Си ја чука главата ‒ многу жали за нешто неостварено, поминато. Чука празна слама ‒ зборува напразно. Се чука во гради ‒ се фали. Се чука по џебот ‒ се фали дека има пари. Чука туѓа 'рж ‒ се меша во туѓи работи што не се во негова надлежност. Толку му чука (умот) ‒ не размислува многу пред да заврши некоја работа.

Оригинални податоци:

чука, чукаат несв. 1. Удира со нешто. Ковачот чукаше со чеканот. Наставникот повремно чукаше со пенкалото по катедрата. Птицата чукаше со клунот по стаклото од прозорецот. Молчи, некој чука на врата. 2. Удира за да добие звук, бие. Питропот ја чукаше камбаната. Тапанџијата чукаше на тапан. 3. Удира по нешто за да собере плод, семе од растение. Селаните чукаа 'рж. Тој ги чукаше мешунките грав. Чука ореви. 4. Удира, отчукува. а) за часовник. На полицата чукаше часовник. б) безл. Чука дванаесет (часот). 5. За срце, крвни садови и сл. ‒ пулсира. Срцето силно му чукаше. Дамарите силно му чукаа. 6. Скопува животно. Денес ги чукаа овните. 7. (разг.) Пишува на машина за пишување. Тој брзо чука на машина за пишување. ● се ~ 1. Се удира во нешто или со нешто. Секогаш се чукам на вратава. 2. Еден со друг. а) При наздравување ‒ удира чаша со чаша. Гостите се чукаа со чашите и им наздравуваа на младенците. б) Со црвени јајца на Велигден. Децата се чукаа со вапцани јајца. ◊ Си ја чука главата ‒ многу жали за нешто неостварено, поминато. Чука празна слама ‒ зборува напразно. Се чука во гради ‒ се фали. Се чука по џебот ‒ се фали дека има пари. Чука туѓа 'рж ‒ се меша во туѓи работи што не се во негова надлежност. Толку му чука (умот) ‒ не размислува многу пред да заврши некоја работа. ‖ глаг. им. чукање ср.