чукне

Глагол, свршен

Значење на чукне:

1. а) Удри малку или само еднаш. Чукна на прозорецот. б) Удри некого малку или само еднаш. Го чукна по главата.

2. Закова, забие. Му чукна уште некоја шајка, да биде поцврсто.

3. Истресе овошје од дрво. Чукни некој орев.

4. (разг.) Доживее срцев или мозочен удар. Во саботата го чукнало и остана на место.

Коњугација: (ќе) чукнеа , (ќе) чукнев , (ќе) чукнел, чукнаа , чукнав , чукнал , чукнат , чукнат , чукнете , чукни .

Изведени зборови:

  • се ~ чукне, 1. Се удри себеси, малку или еднаш. Се чукнав по прстот. Се чукна по челото. Си ја чукна главата од вратата. 2. Наздрави со чукање на чаши со пијалак. Се чукнавме за добредојде. Сватовите се чукнаа во чест на младите. 3. (прен., разг., пејор.) Се мрднал од умот, побудалел. Тој сосема се чукнал.
  • (се) чукнува, глаг. несв. (се) чукнуваат
  • чукнување, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Чукна часот ‒ дојде време. Чукни си ја главата (по челото) ‒ помисли малку што правиш, свести се.

Оригинални податоци:

чукне, чукнат; чукни, чукнете; чукнав, чукнаа; чукнал; чукнат; (ќе) чукнев, (ќе) чукнеа; (ќе) чукнел св. 1. а) Удри малку или само еднаш. Чукна на прозорецот. б) Удри некого малку или само еднаш. Го чукна по главата. 2. Закова, забие. Му чукна уште некоја шајка, да биде поцврсто. 3. Истресе овошје од дрво. Чукни некој орев. 4. (разг.) Доживее срцев или мозочен удар. Во саботата го чукнало и остана на место. ● се ~ 1. Се удри себеси, малку или еднаш. Се чукнав по прстот. Се чукна по челото. Си ја чукна главата од вратата. 2. Наздрави со чукање на чаши со пијалак. Се чукнавме за добредојде. Сватовите се чукнаа во чест на младите. 3. (прен., разг., пејор.) Се мрднал од умот, побудалел. Тој сосема се чукнал. ◊ Чукна часот ‒ дојде време. Чукни си ја главата (по челото) ‒ помисли малку што правиш, свести се. ‖ (се) чукнува, (се) чукнуваат несв. ‖ глаг. им. чукнување ср.