чума
Значење на чума:
1. (само едн., мед.) а) Тешка заразна болест со голема смртност. Епидемија на чума. б) Вирусно заболување кај животните (кокошки, свињи и др.). Чума кај свињите. Чума кај кокошките.
2. (мит.) Митолошко суштество претставено како стара жена со распуштени коси која коси сè пред себе.
3. (прен., пејор.) Жена, неисчешлана, неизмиена, како страшило. Жените станаа како чуми.
Множина: чуми.
Изведени зборови:
- чумиче, и. ср. дем.
- чумиште, и. ж. мн. чумишта ср., чуметина, мн. чуметини аугм., пејор.
Фразеолошки израз / поговорка:
Чумин празник ‒ Празникот св. Харалампиј, 23 февруари, тежок празник, се празнува како заштита од чума. Чумата да те изеде! ‒ клетва. Чумата да те удри ‒ клетва. Како чума да поминала ‒ нема жив човек. Бега како од чума ‒ се трга од некоја работа. Чума на 20-тиот век ‒ 1. наркоманија; 2. СИДА.
Оригинални податоци:
чума, мн. чуми ж. 1. (само едн., мед.) а) Тешка заразна болест со голема смртност. Епидемија на чума. б) Вирусно заболување кај животните (кокошки, свињи и др.). Чума кај свињите. Чума кај кокошките. 2. (мит.) Митолошко суштество претставено како стара жена со распуштени коси која коси сè пред себе. 3. (прен., пејор.) Жена, неисчешлана, неизмиена, како страшило. Жените станаа како чуми. ◊ Чумин празник ‒ Празникот св. Харалампиј, 23 февруари, тежок празник, се празнува како заштита од чума. Чумата да те изеде! ‒ клетва. Чумата да те удри ‒ клетва. Како чума да поминала ‒ нема жив човек. Бега како од чума ‒ се трга од некоја работа. Чума на 20-тиот век ‒ 1. наркоманија; 2. СИДА. ‖ чумиче, мн. чумичиња ср. дем. ‖ чумиште, мн. чумишта ср., чуметина, мн. чуметини ж. аугм., пејор.