чунки 2

Сврзник

Разговорен збор, израз, Дијалектен збор.

Значење на чунки:

За образување зависносложени причински реченици, затоа што, бидејќи; заре, зарем. Тие го чекале, чунки мислеле доцни и ќе дојде. Девојката не дојде ,чунким се разболела. Таа не го измеси лебот, чунки ја викале да им помогне на родителите. Тие го посетиле, чунки го мислеле тешко болен

Алтернативно: чунким

Оригинални податоци:

чунки2 и чунким сврз. (разг., дијал.) За образување зависносложени причински реченици, затоа што, бидејќи; сп. зар, заре, зарем. Тие го чекале, чунки мислеле доцни и ќе дојде. Девојката не дојде ,чунким се разболела. Таа не го измеси лебот, чунки ја викале да им помогне на родителите. Тие го посетиле, чунки го мислеле тешко болен.