чува
Значење на чува:
1. Варди, штити, пази нешто не иставајќи се од него. Полјакот ги чува лозјата да не го оберат грозјето. Кучињата го чуваат стадото овци од волци.
2. Заштитува од нешто. Шапката ја чува главата. Чадорот нè чува од дожд. Топлата облека ги чува луѓето од студ.
3. Обезбедува објект, лице и сл. Чуварот го чува новоизградениот објект. Полицијата го чува јавниот ред и мир. Армијата ги чува границите на државата.
4. Држи, има сместено нешто на определено место. Кромидот и лукот ги чуваме во мали гајбички. Во една фиока тајно чував некои писма. Старецот ги чуваше парите под перница.
5. Одржува во добра состојба. Етнолошкиот музеј чува вредни примероци од македонската носија. Тие многу го чуваа мебелот.
6. Одгледува домашни животни или културни растенија. Вујко ми чува 30 овци и 5 кози. Таа чува ангорска мачка. Тие чуваат кактуси.
7. Подигнува, воспитува. Вдовицата ги чуваше децата без ничија помош. Таа чува деца без родители.
8. Се грижи. Селаните цел месец ги чуваа ранетите борци. Синот ги чуваше изнемоштените родители.
9. Не троши, не употребува. Мајката чуваше прстен за свадбата на синот. Домаќинката чуваше слатко за зимоска. Бабата им чуваше килимчиња на внуките. Старицата им чуваше малку леб на дечињата.
Коњугација: чуваат.
Изведени зборови:
- се ~ чува, а) Се варди, внимава да не му се случи нешто. Зиме, бабата се чуваше од настинка. Чувај се од лошо друштво. Тој се чуваше да не падне. б) Заемно, еден со друг. Децата се чуваа сами, кога родителите беа отсутни од дома. Мажот и жената многу се чуваа еден со друг.
- чување, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Бог (Господ) да чува и да брани! ‒ в. бог. Го чувал Господ ‒ бил заштитен од Господ. Волк пастрма не чува ‒ лаком човек, расипник не мисли за утре. Си ја чува главата ‒ пази што прави. Гледа (чува) некого како очите во главата ‒ грижливо се однесува кон некого. Си го чува (парчето) леб(от) ‒ внимава да не ја изгуби работата.
Оригинални податоци:
чува, чуваат несв. 1. Варди, штити, пази нешто не иставајќи се од него. Полјакот ги чува лозјата да не го оберат грозјето. Кучињата го чуваат стадото овци од волци. 2. Заштитува од нешто. Шапката ја чува главата. Чадорот нè чува од дожд. Топлата облека ги чува луѓето од студ. 3. Обезбедува објект, лице и сл. Чуварот го чува новоизградениот објект. Полицијата го чува јавниот ред и мир. Армијата ги чува границите на државата. 4. Држи, има сместено нешто на определено место. Кромидот и лукот ги чуваме во мали гајбички. Во една фиока тајно чував некои писма. Старецот ги чуваше парите под перница. 5. Одржува во добра состојба. Етнолошкиот музеј чува вредни примероци од македонската носија. Тие многу го чуваа мебелот. 6. Одгледува домашни животни или културни растенија. Вујко ми чува 30 овци и 5 кози. Таа чува ангорска мачка. Тие чуваат кактуси. 7. Подигнува, воспитува. Вдовицата ги чуваше децата без ничија помош. Таа чува деца без родители. 8. Се грижи. Селаните цел месец ги чуваа ранетите борци. Синот ги чуваше изнемоштените родители. 9. Не троши, не употребува. Мајката чуваше прстен за свадбата на синот. Домаќинката чуваше слатко за зимоска. Бабата им чуваше килимчиња на внуките. Старицата им чуваше малку леб на дечињата. ● се ~ а) Се варди, внимава да не му се случи нешто. Зиме, бабата се чуваше од настинка. Чувај се од лошо друштво. Тој се чуваше да не падне. б) Заемно, еден со друг. Децата се чуваа сами, кога родителите беа отсутни од дома. Мажот и жената многу се чуваа еден со друг. ◊ Бог (Господ) да чува и да брани! ‒ в. бог. Го чувал Господ ‒ бил заштитен од Господ. Волк пастрма не чува ‒ лаком човек, расипник не мисли за утре. Си ја чува главата ‒ пази што прави. Гледа (чува) некого како очите во главата ‒ грижливо се однесува кон некого. Си го чува (парчето) леб(от) ‒ внимава да не ја изгуби работата. ‖ глаг. им. чување ср.