чувствителен
Значење на чувствителен:
1. Што е претерано осетлив, што лесно се препушта на чувствата, што брзо, без воздржување ги изразува чувствата. Чувствителна жена. Чувствително дете. Чувствителни луѓе. Тој е особено чувствителен на честа и чистотата на своите ќерки.
2. За делови од телото ‒ што е осетлив, што лесно реагира на дразби од најразличен вид. Чувствителна кожа. Чувствителни очи.
3. За апарати, уреди, предмети, боја и сл. ‒ што е осетлив, што е отпорен, што лесно се расипува. Тоа е многу чувствителен механизам. Оваа ткаенина е чувствителна на врела вода. Чувствителни бои.
4. (прен.) Што е изразен во голема мера, што паѓа во очи, забележителен. Кај пациентот има чувствително подобрување. Чувствителни загуби. Чувствителна разлика. Чувствителен пораст на цените.
5. (прен.) Што бара добро осмислување, голема претпазливост, внимателност; деликатен. Чувствителна тема. Чувствително прашање.
Членувана форма: чувствителниот.
Изведени зборови:
- чувствително, прил. Надојдената река чувствително расте. Дејството чувствително се забрзува со воведувањето на нови ликови.
- чувствителност, и. ж.
Оригинални податоци:
чувствителен, чувствителниот прид. 1. Што е претерано осетлив, што лесно се препушта на чувствата, што брзо, без воздржување ги изразува чувствата. Чувствителна жена. Чувствително дете. Чувствителни луѓе. Тој е особено чувствителен на честа и чистотата на своите ќерки. 2. За делови од телото ‒ што е осетлив, што лесно реагира на дразби од најразличен вид. Чувствителна кожа. Чувствителни очи. 3. За апарати, уреди, предмети, боја и сл. ‒ што е осетлив, што е отпорен, што лесно се расипува. Тоа е многу чувствителен механизам. Оваа ткаенина е чувствителна на врела вода. Чувствителни бои. 4. (прен.) Што е изразен во голема мера, што паѓа во очи, забележителен. Кај пациентот има чувствително подобрување. Чувствителни загуби. Чувствителна разлика. Чувствителен пораст на цените. 5. (прен.) Што бара добро осмислување, голема претпазливост, внимателност; деликатен. Чувствителна тема. Чувствително прашање. ‖ чувствително прил. Надојдената река чувствително расте. Дејството чувствително се забрзува со воведувањето на нови ликови. ‖ чувствителност ж.