чувствува
Значење на чувствува:
1. Доживува, има некакво душевно чувство или усет примен со сетилата. Девојката чувствуваше голема радост. Тој чувствуваше задоволство од постигнатиот успех. Чувствував сожалување кон таа жена. Уште на влезот од собата го чувствував провевот. Чувствуваше горчило во устата.
2. Сознава, станува свесен за нешто. Детето чувствуваше некоја измама. Тој чувствуваше дека љубовта малку по малку ја исполнува неговата душа. Таа чувствува дека срцето сè посилно ѝ бие.
3. Насетува, претчувствува нешто. Тој чувствуваше дека меѓу неа и него се испречува некаква бездна. Тој чувствуваше дека му се ближи крајот. Девојчето чувствуваше дека зад портата се крие некој.
Коњугација: чувствуваат.
Изведени зборови:
- се ~ чувствува, 1. Е во некаква психо-физичка состојба. Се чувствуваше тажен. Се чувствуваше преморен. Болниот се чувствува подобро. Тој се чувствуваше безбеден. Девојката се чувствуваше здрава, силна, полна со енергија. 2. Се доживува себеси на некој начин. Се чувствува изневерен. Се чувствува горд. Се чувствува онеправдан. Надвор се чувствуваше утринската свежина. Во градот се чувствуваше претпразнично расположение. Сè уште се чувствуваат последиците од земјотресот. 3. безл. Може да се почувствува, да се насети. Се чувствуваше дека работата не оди на добро. Во воздухот се чувствува дека ноќеска ќе заврне снег.
- чувствување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
чувствува, чувствуваат несв. 1. Доживува, има некакво душевно чувство или усет примен со сетилата. Девојката чувствуваше голема радост. Тој чувствуваше задоволство од постигнатиот успех. Чувствував сожалување кон таа жена. Уште на влезот од собата го чувствував провевот. Чувствуваше горчило во устата. 2. Сознава, станува свесен за нешто. Детето чувствуваше некоја измама. Тој чувствуваше дека љубовта малку по малку ја исполнува неговата душа. Таа чувствува дека срцето сè посилно ѝ бие. 3. Насетува, претчувствува нешто. Тој чувствуваше дека меѓу неа и него се испречува некаква бездна. Тој чувствуваше дека му се ближи крајот. Девојчето чувствуваше дека зад портата се крие некој. ● се ~ 1. Е во некаква психо-физичка состојба. Се чувствуваше тажен. Се чувствуваше преморен. Болниот се чувствува подобро. Тој се чувствуваше безбеден. Девојката се чувствуваше здрава, силна, полна со енергија. 2. Се доживува себеси на некој начин. Се чувствува изневерен. Се чувствува горд. Се чувствува онеправдан. Надвор се чувствуваше утринската свежина. Во градот се чувствуваше претпразнично расположение. Сè уште се чувствуваат последиците од земјотресот. 3. безл. Може да се почувствува, да се насети. Се чувствуваше дека работата не оди на добро. Во воздухот се чувствува дека ноќеска ќе заврне снег. ‖ глаг. им. чувствување ср.