чврчори
Значење на чврчори:
1. Испушта звук како при ладење на усвитено железо, при пржење и сл. Ковачот го пикна зажареното железо во водата и тоа почна да чврчори. Месото почна да чврчори, да се пече. Сланината чврчори во тавата.
2. За птица ‒ црцори. На трендафилот чврчореше малечка птица.
3. За вода ‒ тече по малку со определен звук. Чешмичето чврчореше додека момите полнеа вода во бардаците.
Коњугација: чврчорат.
Изведени зборови:
- чврчорење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
чврчори, чврчорат несв. 1. Испушта звук како при ладење на усвитено железо, при пржење и сл. Ковачот го пикна зажареното железо во водата и тоа почна да чврчори. Месото почна да чврчори, да се пече. Сланината чврчори во тавата. 2. За птица ‒ црцори. На трендафилот чврчореше малечка птица. 3. За вода ‒ тече по малку со определен звук. Чешмичето чврчореше додека момите полнеа вода во бардаците. ‖ глаг. им. чврчорење ср.