чвркне
Разговорен збор, израз.
Значење на чвркне:
1. Опали, изгори од сонце. По дождот, сонцето го чвркна тутунот. Сонцето ги чвркна аргатите.
2. Опали, изгори проследено со звук сличен на изговорот на гласовната група ‒ чврк. Пинџурот ќе го чвркнеш со врело масло. Кожата на животното на допир со врелото железо само чвркна.
3. Удри силно, отсечно со нанесување остра болка, изгори со нешто врело. Куршумот го чвркна по ногата.
Коњугација: (ќе) чвркнеа , (ќе) чвркнев , (ќе) чвркнел, чвркнаа , чвркнав , чвркнал , чвркнат , чвркнат , чвркнете , чвркни .
Изведени зборови:
- чвркнува, глаг. несв. чвркнуваат
- чвркнување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
чвркне, чвркнат; чвркни, чвркнете; чвркнав, чвркнаа; чвркнал; чвркнат; (ќе) чвркнев, (ќе) чвркнеа; (ќе) чвркнел св. (разг.) 1. Опали, изгори од сонце. По дождот, сонцето го чвркна тутунот. Сонцето ги чвркна аргатите. 2. Опали, изгори проследено со звук сличен на изговорот на гласовната група ‒ чврк. Пинџурот ќе го чвркнеш со врело масло. Кожата на животното на допир со врелото железо само чвркна. 3. Удри силно, отсечно со нанесување остра болка, изгори со нешто врело. Куршумот го чвркна по ногата. ‖ чвркнува, чвркнуваат несв. ‖ глаг. им. чвркнување ср.