цица
Значење на цица:
1. За дете, за младенче ‒ шмука млеко од мајка (од гради/виме). Бебето лакомо цицаше. Цицачите цицаат млеко.
2. За инсекти ‒ шмука хранлива течност со помош на специјални органи. Пчелите цицаа поленов прав од цвеќињата. Болвите ја цицаат крвта на животните.
3. За корења на растенија ‒ впива вода и хранливи материи од земјата. Жилите на растенијата цицаа од плодната почва.
4. Шмука, држи нешто в уста. Го цицаше прстот в уста. Ја цицаше затката од шишето.
5. (прен.) Заработува на туѓ грб, искористува нечиј труд. Беговите го цицаа народот. Газдата им ја цицаше потта на работниците.
Множина: цицаат.
Изведени зборови:
- цицање, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Кротко јагне од две мајки цица ‒ сп. јагне. Цица како смок ‒ цица многу.
Оригинални податоци:
цица, мн. цицаат несв. 1. За дете, за младенче ‒ шмука млеко од мајка (од гради/виме). Бебето лакомо цицаше. Цицачите цицаат млеко. 2. За инсекти ‒ шмука хранлива течност со помош на специјални органи. Пчелите цицаа поленов прав од цвеќињата. Болвите ја цицаат крвта на животните. 3. За корења на растенија ‒ впива вода и хранливи материи од земјата. Жилите на растенијата цицаа од плодната почва. 4. Шмука, држи нешто в уста. Го цицаше прстот в уста. Ја цицаше затката од шишето. 5. (прен.) Заработува на туѓ грб, искористува нечиј труд. Беговите го цицаа народот. Газдата им ја цицаше потта на работниците. ◊ Кротко јагне од две мајки цица ‒ сп. јагне. Цица како смок ‒ цица многу. ‖ глаг. им. цицање ср.