цифра

Именка, женски род

Значење на цифра:

1. Условен, договорен писмен знак за број; бројка, броен знак. Арапски цифри. Римски цифри.

2. (разг.) Износ, сума, збир. Не ја знаеше точната цифра на потрошените пари. Не се снаоѓаше со големите цифри.

Множина: цифри.

Фразеолошки израз / поговорка:

Астрономски цифри ‒ многу голем, нереален износ на пари.

Оригинални податоци:

цифра, мн. цифри ж. 1. Условен, договорен писмен знак за број; бројка, броен знак. Арапски цифри. Римски цифри. 2. (разг.) Износ, сума, збир. Не ја знаеше точната цифра на потрошените пари. Не се снаоѓаше со големите цифри. ◊ Астрономски цифри ‒ многу голем, нереален износ на пари.