цикличен
Значење на цикличен:
1. Што се движи, што се извршува во еден циклус, во круг, што се повторува во определени интервали, циклуси. Цикличен развој. Циклична промена. Циклични движења.
2. Што претставува циклус. Цикличен роман. Циклична форма.
Членувана форма: цикличниот.
Изведени зборови:
- циклично, прил. Циклично градени делови.
- цикличност, и. ж.
Оригинални податоци:
цикличен, цикличниот прид. 1. Што се движи, што се извршува во еден циклус, во круг, што се повторува во определени интервали, циклуси. Цикличен развој. Циклична промена. Циклични движења. 2. Што претставува циклус. Цикличен роман. Циклична форма. ‖ циклично прил. Циклично градени делови. ‖ цикличност ж.