циклус

Именка, машки род

Значење на циклус:

1. Збир на меѓусебно поврзани појави што се развиваат и се повторуваат по еден утврден ред и во определен временски период. Сончев циклус. Вегетациски циклус. Дождливи циклуси.

2. Збир, група од сродни науки, научни дисциплини, уметнички и литературни дела поврзани меѓу себе според содржината, жанрот и др. Биолошки циклус. Циклус драмски дела. Поетски циклуси.

Множина: циклуси.

Оригинални податоци:

циклус, мн. циклуси м. 1. Збир на меѓусебно поврзани појави што се развиваат и се повторуваат по еден утврден ред и во определен временски период. Сончев циклус. Вегетациски циклус. Дождливи циклуси. 2. Збир, група од сродни науки, научни дисциплини, уметнички и литературни дела поврзани меѓу себе според содржината, жанрот и др. Биолошки циклус. Циклус драмски дела. Поетски циклуси.