цилиндар

Именка, машки род

Значење на цилиндар:

1. Вид геометриско тело со две еднакви кружни површини поврзани со валчеста обвивка; валјак. Обем на цилиндар.

2. (техн.) Дел од парна машина или мотор со внатрешно согорување во форма на затворена валчеста кутија. Откажа цилиндарот.

3. Висок крут машки шешир, во вид на валјак, со тврд тесен раб. На главата носеше црн цилиндар.

Множина: цилиндри.

Оригинални податоци:

цилиндар, мн. цилиндри м. 1. Вид геометриско тело со две еднакви кружни површини поврзани со валчеста обвивка; валјак. Обем на цилиндар. 2. (техн.) Дел од парна машина или мотор со внатрешно согорување во форма на затворена валчеста кутија. Откажа цилиндарот. 3. Висок крут машки шешир, во вид на валјак, со тврд тесен раб. На главата носеше црн цилиндар.