цинизам

Именка, машки род

Само во еднина.

Значење на цинизам:

1. Филозофско учење на старогрчката школа на циниците.

2. Презирен, омаловажувачки однос кон моралните норми и кон општествените обичаи и културни вредности. Невиден цинизам.

3. Дрскост, груба подбивност, зајадливост, бесрамност.

Членувана форма: цинизмот.

Оригинални податоци:

цинизам, цинизмот (само едн.) м. 1. Филозофско учење на старогрчката школа на циниците. 2. Презирен, омаловажувачки однос кон моралните норми и кон општествените обичаи и културни вредности. Невиден цинизам. 3. Дрскост, груба подбивност, зајадливост, бесрамност.