циркус

Именка, машки род

Значење на циркус:

1. а) Група луѓе кои патуваат и изведуваат театарски претстави прикажувајќи различни вештини поврзани со акробатика, гимнастика, жонглирање, дресирање животни и др. Во градот пристигна циркус. б) Вид театарска изведба, претстава што прикажува такви вештини. Гледавме циркус. Тој е акробат во циркус.

2. Заграден кружен простор со амфитеатар за гледачи и арена во која се изведуваат такви претстави. На крајот од улицата беше циркусот. Публиката во циркусот ракоплескаше.

3. (прен.) а) Забавна глетка, комедија. Стоеше на сред соба и правеше циркус. б) Непристојна врева, неред, лакрдија. Не правете ја куќата циркус!

Множина: циркуси.

Изведени зборови:

  • циркуски, прид. циркускиот Циркуски шатор. Циркуска претстава.

Оригинални податоци:

циркус, мн. циркуси м. 1. а) Група луѓе кои патуваат и изведуваат театарски претстави прикажувајќи различни вештини поврзани со акробатика, гимнастика, жонглирање, дресирање животни и др. Во градот пристигна циркус. б) Вид театарска изведба, претстава што прикажува такви вештини. Гледавме циркус. Тој е акробат во циркус. 2. Заграден кружен простор со амфитеатар за гледачи и арена во која се изведуваат такви претстави. На крајот од улицата беше циркусот. Публиката во циркусот ракоплескаше. 3. (прен.) а) Забавна глетка, комедија. Стоеше на сред соба и правеше циркус. б) Непристојна врева, неред, лакрдија. Не правете ја куќата циркус! ‖ циркуски, циркускиот прид. Циркуски шатор. Циркуска претстава.