цреп

Именка, машки род

Значење на цреп:

1. ќерамида.

2. Саксија за цвеќе. Цреп со сардела. Црвени црепови.

3. Дел, парче од искршен предмет од земја, порцелан и сл. Цреп од стомна. Цреп од вазна.

Множина: црепа, црепови.

Изведени зборови:

  • црепче, и. ср. дем.

Оригинални податоци:

цреп, мн. црепови, избр. мн. црепа м. 1. сп. ќерамида. 2. Саксија за цвеќе. Цреп со сардела. Црвени црепови. 3. Дел, парче од искршен предмет од земја, порцелан и сл. Цреп од стомна. Цреп од вазна. ‖ црепче, мн. црепчиња ср. дем.