црево
Значење на црево:
1. (анат.) Дел од органите за варење во вид на мека и растеглива цевка сместена во утробата на човекот или на животно низ која поминува храната. Тенко црево. Дебело црево. Слепо црево. Јагнешки црева.
2. Тенка цевка, обично гумена, за спроведување вода, масло и др. течности. Црево за вадење. Пожарникарски црева.
Множина: црева.
Изведени зборови:
- цревце, и. ср. дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Се влече како црево ‒ оди натаму наваму без некој ред. Цревата ми (ти, му...) кркорат ‒ многу ми (ти, му...) се јаде.
Оригинални податоци:
црево, мн. црева ср. 1. (анат.) Дел од органите за варење во вид на мека и растеглива цевка сместена во утробата на човекот или на животно низ која поминува храната. Тенко црево. Дебело црево. Слепо црево. Јагнешки црева. 2. Тенка цевка, обично гумена, за спроведување вода, масло и др. течности. Црево за вадење. Пожарникарски црева. ◊ Се влече како црево ‒ оди натаму наваму без некој ред. Цревата ми (ти, му...) кркорат ‒ многу ми (ти, му...) се јаде. ‖ цревце, мн. цревца ср. дем.