цркне

Глагол, свршен

Значење на цркне:

1. За животни ‒ умре, пцовиса. Коњот цркна од глад. Овците цркнаа од студот.

2. (пејор.) Умре, пукне. Цркна од жал. Цркна од преголема мака.

3. (разг.) Пукне, престане да работи. Цркна гумата. Цркна моторот на автомобилот.

Коњугација: (ќе) цркнеа , (ќе) цркнев , (ќе) цркнел, цркнаа , цркнав , цркнал , цркнат , цркнат , цркнете , цркни .

Изведени зборови:

  • цркнува, глаг. несв. цркнуваат
  • цркнување, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Цркне од смеење ‒ многу се смее. Цркнал та пукнал! ‒ што сака нека ти биде, сеедно е!

Оригинални податоци:

цркне, цркнат; цркни, цркнете; цркнав, цркнаа; цркнал; цркнат; (ќе) цркнев, (ќе) цркнеа; (ќе) цркнел св. 1. За животни ‒ умре, пцовиса. Коњот цркна од глад. Овците цркнаа од студот. 2. (пејор.) Умре, пукне. Цркна од жал. Цркна од преголема мака. 3. (разг.) Пукне, престане да работи. Цркна гумата. Цркна моторот на автомобилот. ◊ Цркне од смеење ‒ многу се смее. Цркнал та пукнал! ‒ што сака нека ти биде, сеедно е! ‖ цркнува, цркнуваат несв. ‖ глаг. им. цркнување ср.