црн
Значење на црн:
1. Што има боја на јаглен; бел. Црн коњ. Црна кошула. Црна коса. Црни чевли. Црни очила.
2. Што е со темна боја наспроти тоа што е светло. Црн леб. Црно вино. Црно лице. Црно грозје.
3. Што е без светлина, темен, мрачен. Црн простор. Црна ноќ. Црна соба. Црни улици.
4. (прен.) Што е тажен, мачен, тешко поднослив. Црна вест. Црни мисли. Црни денови.
5. (прен.) Што е несреќен, неутешен, што е во лоша состојба. Црна вдовица. Црни робје.
6. (прен.) Што е лош, зол, кобен. Црна судбина. Црни соништа.
7. (прен.) Што е омразен, одвратен, непријатен. Црн душман. Црно дело. Црни настани.
8. За работа, труд ‒ што е физички тежок, неиздржлив. Црн труд. Црна работа. Црно ропство.
9. Како составен дел од некои ботанички и зоолошки називи. Црн даб. Црна рибизла. Црна мечка.
10. Како им. а) Човек со темно, црно лице. Се омажи за црниот. б) Во шахот ‒ играчот што игра со црни фигури. На потег е црниот. в) Црна облека, црнина. Носи црно. Облечена е во црно. г) Црна боја. Подвлечено со црно.
Членувана форма: црниот.
Изведени зборови:
- црно, прил. Со црна боја. Колата ја пребојадисал црно. ◊ Црно ми (ти, му...) е пред очи ‒ не гледа надеж, спас. Црно ми (ти, му...) се пишува ‒ не ми (ти, му...) се предвидува ништо добро. На сè гледа црно ‒ голем песимист. Работи на црно ‒ работи надвор од законот за вработување, за оданочување и сл.
- црност, и. ж.
Фразеолошки израз / поговорка:
Си го чека црниот ангел ‒ 1. си ја чека смртта; 2. го чека најлошото. Не е ѓаволот толку црн ‒ не е толку лош како што се верува. Црн ден ‒ многу лош, несреќен ден. Црна овца ‒ се вели за некој што не се вклопува во средината, што се издвојува од другите во негативна смисла. Црна берза ‒ сп. берза. Од црното сака да направи бело ‒ сака да ги прикаже работите како што му одговораат. Не прозбори ни црна ни бела ‒ ништо не рече. Црно на бело ‒ написмено, со документ. Црн фонд ‒ пари оставени настрана.
Оригинални податоци:
црн, црниот прид. 1. Што има боја на јаглен; спрот. бел. Црн коњ. Црна кошула. Црна коса. Црни чевли. Црни очила. 2. Што е со темна боја наспроти тоа што е светло. Црн леб. Црно вино. Црно лице. Црно грозје. 3. Што е без светлина, темен, мрачен. Црн простор. Црна ноќ. Црна соба. Црни улици. 4. (прен.) Што е тажен, мачен, тешко поднослив. Црна вест. Црни мисли. Црни денови. 5. (прен.) Што е несреќен, неутешен, што е во лоша состојба. Црна вдовица. Црни робје. 6. (прен.) Што е лош, зол, кобен. Црна судбина. Црни соништа. 7. (прен.) Што е омразен, одвратен, непријатен. Црн душман. Црно дело. Црни настани. 8. За работа, труд ‒ што е физички тежок, неиздржлив. Црн труд. Црна работа. Црно ропство. 9. Како составен дел од некои ботанички и зоолошки називи. Црн даб. Црна рибизла. Црна мечка. 10. Како им. а) Човек со темно, црно лице. Се омажи за црниот. б) Во шахот ‒ играчот што игра со црни фигури. На потег е црниот. в) Црна облека, црнина. Носи црно. Облечена е во црно. г) Црна боја. Подвлечено со црно. ◊ Си го чека црниот ангел ‒ 1. си ја чека смртта; 2. го чека најлошото. Не е ѓаволот толку црн ‒ не е толку лош како што се верува. Црн ден ‒ многу лош, несреќен ден. Црна овца ‒ се вели за некој што не се вклопува во средината, што се издвојува од другите во негативна смисла. Црна берза ‒ сп. берза. Од црното сака да направи бело ‒ сака да ги прикаже работите како што му одговораат. Не прозбори ни црна ни бела ‒ ништо не рече. Црно на бело ‒ написмено, со документ. Црн фонд ‒ пари оставени настрана. ‖ црно прил. Со црна боја. Колата ја пребојадисал црно. ◊ Црно ми (ти, му...) е пред очи ‒ не гледа надеж, спас. Црно ми (ти, му...) се пишува ‒ не ми (ти, му...) се предвидува ништо добро. На сè гледа црно ‒ голем песимист. Работи на црно ‒ работи надвор од законот за вработување, за оданочување и сл. ‖ црност ж.