црнее

Глагол, несвршен

Значење на црнее:

1. Станува црн, поцрнува. Кожата брзо црнее на сонце.

2. (прен.) Страда, тагува. Таа црнееше од болка и тага. 3. Има црна боја, е црн, остава впечаток со црната боја. Надвор црнееја дрвјата. Покрај реката црнееше стадото биволи. Во ќелијата црнееше темнината.

Коњугација: црнеав , црнеаја , црнеал, црнеат , црнеев , црнееја , црнеел , црнеен , црнеј , црнејте .

Изведени зборови:

  • се ~ црнее, Се одликува, се изделува со својата црна боја; сп. црнее 3. Небото се црнееше од густите облаци чад. Во далечината се црнееја борови шуми.
  • црнеење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

црнее, црнеат; црнеј, црнејте; црнеев, црнееја; црнеел; црнеен; црнеав, црнеаја; црнеал несв. 1. Станува црн, поцрнува. Кожата брзо црнее на сонце. 2. (прен.) Страда, тагува. Таа црнееше од болка и тага. 3. Има црна боја, е црн, остава впечаток со црната боја. Надвор црнееја дрвјата. Покрај реката црнееше стадото биволи. Во ќелијата црнееше темнината. ● се ~ Се одликува, се изделува со својата црна боја; сп. црнее 3. Небото се црнееше од густите облаци чад. Во далечината се црнееја борови шуми. ‖ глаг. им. црнеење ср.