црни

Глагол, несвршен

Значење на црни:

1. Прави нешто да стане црно, премачкува со црно. Таа ги црнеше веѓите со црн молив. Тој редовно ги црни мустаќите.

2. (прен.) Зборува лошо за некого, го оцрнува со зборови. Маќеата секогаш ја црнеше девојката пред гостите.

3. (прен.) Прави да биде несреќен. Си го црнеше животот. Си ја црнеше младоста.

Коњугација: црнат.

Изведени зборови:

  • се ~ црни, Станува црн. Целиот се црнеше при поправката на возилата. Од чадот на фабриката се црнеа фасадите на куќите.
  • црнење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

црни, црнат несв. 1. Прави нешто да стане црно, премачкува со црно. Таа ги црнеше веѓите со црн молив. Тој редовно ги црни мустаќите. 2. (прен.) Зборува лошо за некого, го оцрнува со зборови. Маќеата секогаш ја црнеше девојката пред гостите. 3. (прен.) Прави да биде несреќен. Си го црнеше животот. Си ја црнеше младоста. ● се ~ Станува црн. Целиот се црнеше при поправката на возилата. Од чадот на фабриката се црнеа фасадите на куќите. ‖ глаг. им. црнење ср.