црница

Именка, женски род

Значење на црница:

1. (бот.) Овошно дрво со назабени јајчести листови, од кои се хранат свилените буби, цветови во вид на реси и мали, сочни, јагодести плодови со бела или со темновиолетова боја; Morus sp. Во дворот имаше црница. Седеше под сенката на црницата.

2. (бот.) Плод од црница. Зрели црници. Береше црници.

3. Плодна темна земја, богата со органски материи; црнозем. Ливадска црница. Разорана црница.

Множина: црници.

Изведени зборови:

  • црничка, и. ж. дем.

Оригинални податоци:

црница, мн. црници ж. 1. (бот.) Овошно дрво со назабени јајчести листови, од кои се хранат свилените буби, цветови во вид на реси и мали, сочни, јагодести плодови со бела или со темновиолетова боја; Morus sp. Во дворот имаше црница. Седеше под сенката на црницата. 2. (бот.) Плод од црница. Зрели црници. Береше црници. 3. Плодна темна земја, богата со органски материи; црнозем. Ливадска црница. Разорана црница. ‖ црничка, мн. црнички ж. дем.