црта
Значење на црта:
1. Тенка линија повлечена со молив, пенкало, остар предмет и сл. Права црта. Коса црта. Дебела црта.
2. Граница, линија што дели, разграничува едно нешто од друго. Шумата беше цртата зад која се протегаше маглата.
3. (обично во мн.) Делови на лицето, линии што му даваат карактеристичен изглед и облик. Имаше остри црти на лицето. Старечки црти.
4. (прен.) Тоа што е силно изразено, истакнато, признак, особеност. Јазични црти. Позитивни црти на личноста.
Множина: црти.
Изведени зборови:
- цртица, и. ж. мн. цртици, цртичка, мн. цртички дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Во кратки црти ‒ накратко. Во главни/општи/основни црти ‒ главно.
Оригинални податоци:
црта, мн. црти ж. 1. Тенка линија повлечена со молив, пенкало, остар предмет и сл. Права црта. Коса црта. Дебела црта. 2. Граница, линија што дели, разграничува едно нешто од друго. Шумата беше цртата зад која се протегаше маглата. 3. (обично во мн.) Делови на лицето, линии што му даваат карактеристичен изглед и облик. Имаше остри црти на лицето. Старечки црти. 4. (прен.) Тоа што е силно изразено, истакнато, признак, особеност. Јазични црти. Позитивни црти на личноста. ◊ Во кратки црти ‒ накратко. Во главни/општи/основни црти ‒ главно. ‖ цртица, мн. цртици, цртичка, мн. цртички ж. дем.