црв
Значење на црв:
1. (зоол.) Вид животно, безрбетник, со долгнавесто и меко тело што се движи со влечење; ларва, кукла од безрбетник. Јаболков црв. Дождовни црви. Лазат црвје.
2. (прен.) Ништожен, понизен човек. Тој не е човек, туку обичен црв.
Множина: црва, црви, црвје.
Деминутив: црвче.
Изведени зборови:
- црвче, и. ср. дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Го јаде (изеде) црвот ‒ се сомнева, го мачи некаков сомнеж. Ќе го изедат црвите ‒ 1. многу е валкан, нечист, запустен. 2. ќе умре. Се витка како црв пред некого ‒ се однесува понизно, без достоинство. Има црви во газот ‒ (вулг.) не може да седи мирно.
Оригинални податоци:
црв, мн. црви, избр. мн. црва, зб. мн. црвје м. 1. (зоол.) Вид животно, безрбетник, со долгнавесто и меко тело што се движи со влечење; ларва, кукла од безрбетник. Јаболков црв. Дождовни црви. Лазат црвје. 2. (прен.) Ништожен, понизен човек. Тој не е човек, туку обичен црв. ◊ Го јаде (изеде) црвот ‒ се сомнева, го мачи некаков сомнеж. Ќе го изедат црвите ‒ 1. многу е валкан, нечист, запустен. 2. ќе умре. Се витка како црв пред некого ‒ се однесува понизно, без достоинство. Има црви во газот ‒ (вулг.) не може да седи мирно. ‖ црвче, мн. црвчиња ср. дем.