црвен
Значење на црвен:
1. Што има боја на крв. Црвен фустан. Црвено знаме. Црвени домати.
2. Што има боја на руменило, што има боја блиска до бојата на крвта. а) За лице, образи и сл. ‒ што е румен. Црвено лице. Црвени образи. б) За вино ‒ што е руен. Црвено вино. в) руменило 3. Црвена светлина. Црвено сонце. Црвени облаци.
3. (прен.) а) Што е лево ориентиран во своите политички убедувања, комунистички. Црвен политичар. Црвена република. б) Што се однесува на револуционерна активност, револуционерен. Црвен фронт. Црвени чети.
4. Како составен дел од некои ботанички и зоолошки називи. Црвен багрем. Црвена детелина. Црвена рибизла. Црвени корали.
5. Како им. а) Нешто што има како симбол, обележје, црвена боја. Убаво изгледаш во црвено. Земи го црвеното. б) Комунист, ултралевичар. Тој е познат како црвен. в) Револуционер, партизан. Црвените напредуваа на фронтот. г) Спортист, обично фудбалер, во црвен дрес. Црвените го добија натпреварот.
Членувана форма: црвениот.
Изведени зборови:
- црвено, прил. Оградата ја бојадиса црвено. Прокапува црвено на снегот.
Фразеолошки израз / поговорка:
Црвена армија ‒ официјален назив за армијата на Советскиот Сојуз. Црвен ветер ‒ (мед.) заразна болест кај свињите, понекогаш кај овците и кај луѓето. Црвен восок ‒ сп. восок. Црвен крст, Црвена полумесечина ‒ меѓународна организација за давање помош на настраданите во војна или од елементарни непогоди. Црвена книшка ‒ партиска легитимација на комунистичката партија. Црвена нишка ‒ нишка‒водилка, основна мисла.
Оригинални податоци:
црвен, црвениот прид. 1. Што има боја на крв. Црвен фустан. Црвено знаме. Црвени домати. 2. Што има боја на руменило, што има боја блиска до бојата на крвта. а) За лице, образи и сл. ‒ што е румен. Црвено лице. Црвени образи. б) За вино ‒ што е руен. Црвено вино. в) сп. руменило 3. Црвена светлина. Црвено сонце. Црвени облаци. 3. (прен.) а) Што е лево ориентиран во своите политички убедувања, комунистички. Црвен политичар. Црвена република. б) Што се однесува на револуционерна активност, револуционерен. Црвен фронт. Црвени чети. 4. Како составен дел од некои ботанички и зоолошки називи. Црвен багрем. Црвена детелина. Црвена рибизла. Црвени корали. 5. Како им. а) Нешто што има како симбол, обележје, црвена боја. Убаво изгледаш во црвено. Земи го црвеното. б) Комунист, ултралевичар. Тој е познат како црвен. в) Револуционер, партизан. Црвените напредуваа на фронтот. г) Спортист, обично фудбалер, во црвен дрес. Црвените го добија натпреварот. ◊ Црвена армија ‒ официјален назив за армијата на Советскиот Сојуз. Црвен ветер ‒ (мед.) заразна болест кај свињите, понекогаш кај овците и кај луѓето. Црвен восок ‒ сп. восок. Црвен крст, Црвена полумесечина ‒ меѓународна организација за давање помош на настраданите во војна или од елементарни непогоди. Црвена книшка ‒ партиска легитимација на комунистичката партија. Црвена нишка ‒ нишка‒водилка, основна мисла. ‖ црвено прил. Оградата ја бојадиса црвено. Прокапува црвено на снегот.