црвенее

Глагол, несвршен

Значење на црвенее:

1. Станува црвен, румен, добива црвена, румена боја. Лицето му црвенееше од возбуда. Кожата ми црвенее од јако сонце. Ученикот црвенееше пред професорот.

2. Има руменило, е црвен од руменило. Небото црвенееше на запад. Зората црвенееше.

3. Има црвена боја, е црвен, остава впечаток со црвената боја. Жарта црвенееше во пепелта. Зрелите цреши црвенееја по гранките. По улиците црвенеат партиските знамиња.

Коњугација: црвенеав , црвенеаја , црвенеал, црвенеат , црвенеев , црвенееја , црвенеел , црвенеен , црвенеј , црвенејте .

Изведени зборови:

  • се ~ црвенее, 1. Се одликува, се изделува со својата црвена боја; сп. црвенее 3. Оддалеку се црвенеат покривите на куќите. Низ папратта се црвенееја зрели јаготки. На капата му се црвенееше петокрака ѕвезда. 2. сп. црвенее 1. Девојката се црвенееше пред стројниците.
  • црвенеење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

црвенее, црвенеат; црвенеј, црвенејте; црвенеев, црвенееја; црвенеел; црвенеен; црвенеав, црвенеаја; црвенеал несв. 1. Станува црвен, румен, добива црвена, румена боја. Лицето му црвенееше од возбуда. Кожата ми црвенее од јако сонце. Ученикот црвенееше пред професорот. 2. Има руменило, е црвен од руменило. Небото црвенееше на запад. Зората црвенееше. 3. Има црвена боја, е црвен, остава впечаток со црвената боја. Жарта црвенееше во пепелта. Зрелите цреши црвенееја по гранките. По улиците црвенеат партиските знамиња. ● се ~ 1. Се одликува, се изделува со својата црвена боја; сп. црвенее 3. Оддалеку се црвенеат покривите на куќите. Низ папратта се црвенееја зрели јаготки. На капата му се црвенееше петокрака ѕвезда. 2. сп. црвенее 1. Девојката се црвенееше пред стројниците. ‖ глаг. им. црвенеење ср.