цвеќе

Именка, среден род

Значење на цвеќе:

1. Растение со лисја и со цвет. Собно цвеќе. Зимско цвеќе. Расцутени цвеќиња. Полски цвеќиња.

2. а) Страк со цвет од растение. Венец од цвеќиња. Букет цвеќиња. б) Страк со цвет направен од некаков материјал: пластика, хартија и др. Вештачко цвеќе. Хартиени цвеќиња.

3. Украс што личи на цвеќе; цвет 2. Здолниште со цвеќиња. Сандак со цвеќиња.

4. (прен., само едн.) Нешто што се одликува со неспоредлива, исклучителна убавина. Таа беше цвеќе во неговите очи.

5. (разг., обично членувано) Ситни сипаници. Го фати цвеќето.

Множина: цвеќиња.

Изведени зборови:

  • цвеќенце, и. ср. мн. цвеќенца; цвеќуле, мн. цвеќулиња дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Не е цвеќе за мирисање ‒ не е добар како што изгледа. Со едно цвеќе лето не иде ‒ кога човек е сам, не може многу да направи. Штрково цвеќе ‒ нарцис.

Оригинални податоци:

цвеќе, мн. цвеќиња ср. 1. Растение со лисја и со цвет. Собно цвеќе. Зимско цвеќе. Расцутени цвеќиња. Полски цвеќиња. 2. а) Страк со цвет од растение. Венец од цвеќиња. Букет цвеќиња. б) Страк со цвет направен од некаков материјал: пластика, хартија и др. Вештачко цвеќе. Хартиени цвеќиња. 3. Украс што личи на цвеќе; сп. цвет 2. Здолниште со цвеќиња. Сандак со цвеќиња. 4. (прен., само едн.) Нешто што се одликува со неспоредлива, исклучителна убавина. Таа беше цвеќе во неговите очи. 5. (разг., обично членувано) Ситни сипаници. Го фати цвеќето. ◊ Не е цвеќе за мирисање ‒ не е добар како што изгледа. Со едно цвеќе лето не иде ‒ кога човек е сам, не може многу да направи. Штрково цвеќе ‒ нарцис. ‖ цвеќенце, мн. цвеќенца; цвеќуле, мн. цвеќулиња ср. дем.