цвета
Значење на цвета:
1. Развива, пушта цвет; цути. Цвета јоргованот. Цветаат липите.
2. (прен.) Се развива успешно, напредува. Работата му цветаше. Трговијата ни цвета.
3. (прен.) Доживува голема радост, среќа, благосостојба. Радост му цветаше во очите. Лицето ѝ цветаше како булка во пролет.
Коњугација: цветаат.
Изведени зборови:
- цветање, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Не ми (ти, му...) цветаат рози ‒ нема среќа, нема успех.
Оригинални податоци:
цвета, цветаат несв. 1. Развива, пушта цвет; цути. Цвета јоргованот. Цветаат липите. 2. (прен.) Се развива успешно, напредува. Работата му цветаше. Трговијата ни цвета. 3. (прен.) Доживува голема радост, среќа, благосостојба. Радост му цветаше во очите. Лицето ѝ цветаше како булка во пролет. ◊ Не ми (ти, му...) цветаат рози ‒ нема среќа, нема успех. ‖ глаг. им. цветање ср.