цветен 1

Придавка

Значење на цветен:

1. Што се однесува на цвет, што му припаѓа на цвет. Цветен прав. Цветна пупка.

2. Што има цветови, што е со цветови. Цветна градина. Цветна грмушка.

3. (прен.) Што е во најубавиот период од животот. Цветна младост.

Членувана форма: цветниот.

Оригинални податоци:

цветен1, цветниот прид. 1. Што се однесува на цвет, што му припаѓа на цвет. Цветен прав. Цветна пупка. 2. Што има цветови, што е со цветови. Цветна градина. Цветна грмушка. 3. (прен.) Што е во најубавиот период од животот. Цветна младост.