цветне

Глагол, свршен

Поетски збор.

Значење на цветне:

1. Процвета, расцвета, пушти цвет. Цветна јаболкницата во дворот.

2. (прен.) Направи да стане убаво, разубави. Животот му цветна откако се ожени.

Коњугација: (ќе) цветнеа , (ќе) цветнев , (ќе) цветнел, цветнаа , цветнав , цветнал , цветнат , цветнат , цветнете , цветни .

Изведени зборови:

  • цветнува, глаг. несв. цветнуваат

Оригинални податоци:

цветне, цветнат; цветни, цветнете; цветнав, цветнаа; цветнат; цветнал; (ќе) цветнев, (ќе) цветнеа; (ќе) цветнел св. (поет.) 1. Процвета, расцвета, пушти цвет. Цветна јаболкницата во дворот. 2. (прен.) Направи да стане убаво, разубави. Животот му цветна откако се ожени. ‖ цветнува, цветнуваат несв.