цвили
Значење на цвили:
1. За коњ ‒ испушта карактеристични, жални звуци. Ждребето цвилеше врзано покрај оградата. Коњче цвили во гора зелена.
2. За одделни птици и животни ‒ испушта пискливи звуци, писка, пишти. Младите пилиња цвилеа во гнездото.
3. (прен.) За човек ‒ жали, тагува. Мајката цвилеше по синот.
Коњугација: цвилат.
Изведени зборови:
- цвилење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
цвили, цвилат несв. 1. За коњ ‒ испушта карактеристични, жални звуци. Ждребето цвилеше врзано покрај оградата. Коњче цвили во гора зелена. 2. За одделни птици и животни ‒ испушта пискливи звуци, писка, пишти. Младите пилиња цвилеа во гнездото. 3. (прен.) За човек ‒ жали, тагува. Мајката цвилеше по синот. ‖ глаг. им. цвилење ср.