цврст
Значење на цврст:
1. а) Тврд, отпорен на удар и на притисок, траен, што лесно не се распаѓа, не ја менува својата форма и големина за разлика од течен и гасовит. Цврста состојба. Цврсти тела. б) Што тешко се меша, се меси, што е тврд, густ. Цврста храна. Цврсто тесто. Цврсти горива.
2. Што е отпорен на кинење, удирање, што е јак, издржлив. Цврста почва. Цврсто платно. Цврсти гранки.
3. Што е физички силен, јак, крепок, здрав. Цврсто тело. Цврсти раце. 4. Што е духовно силен, јак, непоколеблив. Цврст карактер. Цврст глас. Цврста намера. Цврсто решение.
4. Што е значаен, важен, сигурен, непобитен. Цврста теорија. Цврсти докази.
5. (прен.) Што е близок, искрен. Цврста соработка. Цврсто пријателство.
Членувана форма: цврстиот.
Изведени зборови:
- цврсто, прил. Цврсто го прегрна. Цврсто се држеше. Цврсто веруваше во тоа.
Оригинални податоци:
цврст, цврстиот прид. 1. а) Тврд, отпорен на удар и на притисок, траен, што лесно не се распаѓа, не ја менува својата форма и големина за разлика од течен и гасовит. Цврста состојба. Цврсти тела. б) Што тешко се меша, се меси, што е тврд, густ. Цврста храна. Цврсто тесто. Цврсти горива. 2. Што е отпорен на кинење, удирање, што е јак, издржлив. Цврста почва. Цврсто платно. Цврсти гранки. 3. Што е физички силен, јак, крепок, здрав. Цврсто тело. Цврсти раце. 4. Што е духовно силен, јак, непоколеблив. Цврст карактер. Цврст глас. Цврста намера. Цврсто решение. 5. Што е значаен, важен, сигурен, непобитен. Цврста теорија. Цврсти докази. 6. (прен.) Што е близок, искрен. Цврста соработка. Цврсто пријателство. ‖ цврсто прил. Цврсто го прегрна. Цврсто се држеше. Цврсто веруваше во тоа.